Здружението ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија, во рамките на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина“ поддржан од Expertise France, објавува јавен повик за избор на членови на локални акциски тимови т.е. Community Action Teams (CATs).
Со овој повик ќе бидат избрани 15 локални еко-активисти и граѓански ангажирани поединци, кои ќе бидат организирани во 5 локални акциски тимови (CATs). Тимовите ќе дејствуваат како локални механизми за следење, документирање и пријавување на случаи на еколошка деградација, како и за поттикнување на граѓанско учество во процесите на еколошко одлучување.
Активноста се реализира во рамки на проектот што има за цел да придонесе кон ефективен граѓански ангажман за поголема заштита на животната средина во Северна Македонија, преку зајакнување на капацитетите на локалните заедници, подобрување на учеството на јавноста во носењето на одлуките во животната средина и зголемување на институционалната одговорност.
Локалните акциски тимови ќе бидат воспоставени како мобилни и реактивни локални тимови, кои ќе работат на терен во различни региони на државата. Нивната улога ќе биде да идентификуваат и документираат еколошки проблеми, да комуницираат со локалните заедници, да поддржуваат учество на граѓаните во јавни расправи и консултации, како и да придонесуваат кон подготовка на теренски извештаи што ќе послужат за понатамошно институционално постапување и правна анализа.
На повикот можат да се пријават лица кои имаат интерес и/или искуство во областа на заштита на животната средина, граѓански активизам, јавни политики, право, новинарство, локално застапување или работа со заедници. Особено се охрабруваат да аплицираат жени, млади активисти, како и кандидати од помали локални средини и заедници со изразени еколошки предизвици.
Избраните членови ќе бидат ангажирани во период од 6 месеци, при што ќе работат во координација со проектниот тим и со обезбедена правна поддршка во рамки на проектот.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Краен рок за поднесување на пријавите: 30.03.2026 Целосниот текст на јавниот повик и образецот за аплицирање се достапни во прилог на оваа објава.
Ги повикуваме сите мотивирани граѓани, локални еко-активисти и поединци посветени на заштитата на животната средина да се пријават и да станат дел од оваа иницијатива за зајакнување на локалното еколошко делување и граѓанското учество.

- пополнет образец за аплицирање;
- по можност докази за претходен ангажман во релевантна област.